Слаб промет на Македонската берза

Bez autora
Jun 08 2010

На Македонската берза за одбележување денеска беше слабиот промет со тргувањето од 8.166.343,57 денари од 78 реализирани трансакции. За одбележување е и повторниот пад на вредноста на сите три индекса од кој индексот на 10 најликвидни компании падна за 1,55 проценти или 36,88 поени и оствари вредност од 2.359,40 поени, индексот на МБИД изгуби од својата вредност 4,10 поени или 0,16 проценти и оствари 2.609,70 индексни поени, и индексот на обврзници исто така падна за 0,06 проценти и исто толку во индексни поени. Прва по својот промет на Официјалниот пазар беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со која се истргуваа 40.547 количина по цена од 77,92 проценти од номиналната вредност со овие обврзници и остварија вкупна вредност од тргување од 1.943.073,43 денари. Втора по својата вредност на Официјалниот пазар беше акцијата на Макпетрол АД Скопје, која што се тргуваше по цена од 27.464,16 денари од акција и при тоа оваа цена беше за 1,91 проценти помала од тргувањето од понеделникот, со нив се истргуваа 19 количина на обични акции и при тоа остварија вредност од 521,819,00 денари.

Слаб промет на Македонската берзаНа Македонската берза за одбележување денеска беше слабиот промет со тргувањето од 8.166.343,57 денари од 78 реализирани трансакции.

За одбележување е и повторниот пад на вредноста на сите три индекса од кој индексот на 10 најликвидни компании падна за 1,55 проценти или 36,88 поени и оствари вредност од 2.359,40 поени, индексот на МБИД изгуби од својата вредност 4,10 поени или 0,16 проценти и оствари 2.609,70 индексни поени, и индексот на обврзници исто така падна за 0,06 проценти и исто толку во индексни поени.

Прва по својот промет на Официјалниот пазар беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветата емисија со која се истргуваа 40.547 количина по цена од 77,92 проценти од номиналната вредност со овие обврзници и остварија вкупна вредност од тргување од 1.943.073,43 денари.

Втора по својата вредност на Официјалниот пазар беше акцијата на Макпетрол АД Скопје, која што се тргуваше по цена од 27.464,16 денари од акција и при тоа оваа цена беше за 1,91 проценти помала од тргувањето од понеделникот, со нив се истргуваа 19 количина на обични акции и при тоа остварија вредност од 521,819,00 денари.

Трета по својата ликвидност на Официјалниот пазар за хартии од вредност беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со кои што се истргуваа 168 акции по просечна цена од 3.000,00 денари од акција и остварија вредност од тргување од 504,000,00 денари

На Редовниот пазар за хартии од вредност прва по својата ликвидност од тргувањето беше акцијата од Инвест Брокер АД Скопје со кои што по цена од 6.800,00 денари од акција (што е за 0,73 проценти помала во однос од последното тргување со овие акции) се истргуваа 316 обични акции и остварија вредност од 2,148,800,00 денари на промет.

Втори по вредноста на тргувањето на Редовниот пазар беа и акциите на Македонија АД Гостивар со кои се оствари класичен промет од 627,592,00 денари на промет кој се реализира од пет трансакции по просечна цена од 1,601,00 денари од акција, и забележаа пад на цената од 33,29 проценти и при тоа со нив се истргуваа 392 обични акции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik